Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, постапуваше по претставката со бр. 03-12-1 од 10.02.2025 година поднесена од страна на познат подносител, и заклучи дека по предметните наводи наведени во претставката постапува надлежен орган на јавен прогон, по поднесена кривична пријава од страна на Институтот. Заради тоа, Советот оцени дека нема елементи за натамошно постапување, согласно со надлежностите на Советот кои произлегуваат од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25). Воедно Советот заклучи да му укаже на Институтот, во иднина, при издавањето уверенија, согласно со член 66 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен веснник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25), задолжително од кандидатите да бара достава на доказ – преглед на пријави/одјави од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за да може со сигурност да го верификува стекнатото искуство во вршење сметководствени работи.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
