Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, го разгледа барањето за организирање на обука, доставено од Министерството за финансии на Република Северна Македонија – Управа за јавни приходи, заведено во архивата на Советот под арх. бр. 03-20/16 од 12.03.2026 година и заклучи истото да го проследи до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија за натамошно постапување.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
