16.03.2026 година
Posts
16.03.2026 година
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница, одржана на 06.03.2026 година, заклучи да ги побара од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија сите извештаи од извршените контроли на квалитет, заради остварување на надлежностите на Советот од член 5 став 1 точка 4 и точка 7 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25) и член 5 став 1 точка 1 и точка 2 од Статутот на Советот (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 254/22). По добивањето на овие извештаи, Советот дополнително ќе се изјасни за начинот на кој ќе ги остварува своите надлежности од горе наведените законски и статутарни одредби.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница, одржана на 06.03.2026 година ја усвои својата Фискална стратегија за 2027 – 2031 година.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
06.03.2026 година
06.03.2026 година
Советот за унапредување и надозр над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 4-та седница одржана на 02.03.2026 година, донесе Одлука за воспоставување благајничко работење во Советот.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
02.03.2026 година
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 3-та седница одржана на 25.02.2026 година, ја разгледа информацијата од Претседателот на Советот за доставено писмо за изразување интерес за соработка до Ирската управа за надзор над ревизијата и сметководството (Irish Audit and Accounting Supervisory Authority – IAASA).
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 3-та седница одржана на 25.02.2026 година, ја разгледа информацијата од Претседателот на Советот за доставено писмо за изразување интерес за соработка до Европската советодавна група за финансиско известување (European Financial Reporting Advisory Group – EFRAG).
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски

