На 05.11.2026 година, Економскиот факултет во Штип при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип и Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишаниот документ се воспоставува долгорочна рамка за меѓусебна институционална соработка помеѓу двете институции насочена кон развој на стручни кадри, научна и техничка поддршка, како и унапредување на образовниот и професионалниот процес во областа на сметководството и финансиското известување. Клучните области за соработка кои ги покрива Меморандумот се:
Во периодот од 21.09.2026 година до 23.09.2026 година, Претседателот на Советот учествуваше на 25-тата годишна конференција на Македонска берза за хартии од вредност, која се одржа во Хотел Метропол во Охрид. Учеството на оваа конференција овозможи запознавање со најновите регионални и глобални трендови во финансиите, токенизацијата и вештачката интелигенција, како и воспоставување на директни контакти со клучни чинители од регулаторните тела, финансиските институции и приватниот сектор од Република Северна Македонија и странство. На конференцијата, беше истакната важноста од динамично следење на промените на пазарот на капитал со цел соодветно сметководствено евидентирање на новите финансиски инструменти и деривативи во финансиските извештаи на котираните компании.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија и Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, на 12.12.2025 година потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за континуирана соработка и реализација на активности од заемен интерес на двете страни.
Меморандумот предвидува размена на податоци и информации, како и обезбедување заемна строчна поддршка во рамките на областите на делување на договорните страни.
Сроаботката предвидува можност организирање заеднички обуки, едукативни и промотивни настани и учество во заеднички проекти за теми од заеднички интерес на двете договорни страни.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски



