Во рамките на собраниските дебати поврзани со тековниот ребаланс на буџетот, со загриженост ги забележуваме обидите на еден пратеник од македонското собрание за користење на статусот “сметководител” во негативен и пејоративен контекст, со цел да се омаловажат носителите на јавните функции.
Годишен извештај за работењето за 2025 година и Одлука за давање согласност на Годишниот извештај за работењето за 2025 година >>>
Дневен ред:
1. Разгледување и усвојување на Записникот од 6-тата седница на Советот, одржана на 16.03.2026 година;
2. Разгледување и усвојување на Записникот од 7-мата седница на Советот, одржана на 31.03.2026 година;
3. Усвојување Барање до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, за уплата на надоместокот од 3% на сметката на Советот;
4. Донесување Одлука за одобрување на корекциите на Фискалната стратегија за 2027 – 2031 година на Советот;
5. Разгледување Информација со бр. 03-20/13 од 26.02.2026 година, доставена од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и усвојување заклучоци;
6. Разгледување Барање за давање претходна согласност за пристапување кон имплементација на препораките во однос на структурата и постапките за полагање на испитите со бр. 03-62/1 од 05.03.2026 година доставено од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и усвојување заклучоци;
7. Разгледување и постапување по Претставка со бр. 03-85/1 од 03.11.2025 година, поднесена од страна на познат подносител по електронски пат и усвојување заклучоци;
8. Разгледување и постапување по Претставка со бр. 03-111/1 од 26.12.2025 година, поднесена од страна на познат подносител по електронски пат и усвојување заклучоци;
9. Разгледување и постапување по Барање за пристап до информација од јавен карактер бр. 03-72/1 од 18.03.2026 година и дополнување на ова Барање со бр. 03-72/2 од 23.03.2026 година, двете поднесени по електронски пат од страна на познат подносител и усвојување заклучоци; и
10. Разно.
Дневен ред:
1. Постапување по претставка со бр. 03-73/1 од 23.03.2026 година, поднесена од страна на познат подносител до Советот и усвојување заклучоци согласно член 5 став 1 точка 7 и точка 8 од Законот за вршење на сметководствени работи, а во врска со член 22 став 1 од Деловникот за работа на Советот (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25).
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, го разгледа барањето за организирање на обука, доставено од Министерството за финансии на Република Северна Македонија – Управа за јавни приходи, заведено во архивата на Советот под арх. бр. 03-20/16 од 12.03.2026 година и заклучи истото да го проследи до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија за натамошно постапување.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, заклучи дека по дописите со бр. 03-68/8 од 10.12.2025 година, 03-68/9 од 11.12,.2025 година и 03-68/10 од 23.12.2025 година, нема да се произнесува. Воедно, Советот заклучи да достави одговор до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија дека со усвојувањето на Насоките за определување на економската вредност на сметководствениот труд, дилемите околу имплементацијата на актите со кои се уредува материјата за контрола на квалитетот во вршењето на сметководствените работи се во иницијална фаза на надминување. За потребата од ревидирање на актите со кои се уредува материјата за контрола на квалитетот во вршењето на сметководствените работи, Советот ќе донесе други насоки за Институтот.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, заклучи дека по дописите со бр. 03-46-21 од 20.11.2025 година, 03-46/22 од 03.12.2025 година и 03-46/23 од 23.12.2025 година, нема да се произнесува. Воедно, Советот заклучи да достави одговор до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија дека со усвојувањето на Насоките за определување на економската вредност на сметководствениот труд, дилемите околу имплементацијата на актите со кои се уредува материјата за контрола на квалитетот во вршењето на сметководствените работи се во иницијална фаза на надминување. За потребата од ревидирање на актите со кои се уредува материјата за контрола на квалитетот во вршењето на сметководствените работи, Советот ќе донесе други насоки за Институтот.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница, одржана на 16.03.2026 година усвои Насоки за определување на економската вредност на сметководствениот труд.
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница, одржана на 06.03.2026 година, заклучи да ги побара од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија сите извештаи од извршените контроли на квалитет, заради остварување на надлежностите на Советот од член 5 став 1 точка 4 и точка 7 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25) и член 5 став 1 точка 1 и точка 2 од Статутот на Советот (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 254/22). По добивањето на овие извештаи, Советот дополнително ќе се изјасни за начинот на кој ќе ги остварува своите надлежности од горе наведените законски и статутарни одредби.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница, одржана на 06.03.2026 година ја усвои својата Фискална стратегија за 2027 – 2031 година.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
