д-р Дарко Дачевски е експерт од областа на сметководството, ревизијата и антикорупцијата со повеќе од 14 години професионално искуство. Редовно е вработен во Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија – Генерална Дирекција Скопје – Генерален Даночен Инспекторат, на работно место Главен инспектор за контрола. Претходно има значајно искуство како ревизор во меѓународни и домашни ревизорски компании и учествувал во транспонирањето на Директивите и Уредбата за ревизија на Европската Унија во Република Северна Македонија. Тој е овластен ревизор, овластен сметководител и судски вештак, со издадени лиценци од релевантните институции во Република Северна Македонија.
Претседателот на Советот е доктор на науки во областа на сметководството. Темата на неговиот докторат е “Развивање рамка за надзор на квалитетот на ревизијата за Европските регулатори на ревизијата” од Универзитетот на Јужна Африка – Колеџ за сметководствени науки. Неговата потесна професионална специјалност е ревизијата. Има објавено бројни научни трудови во неговата област на истражување во престижни меѓународни списанија и учествувано на бројни конференции и работилници во Европа и низ светот во организација на Светската банка, Меѓународниот академски форум, Меѓународниот монетарен фонд и еминентни странски универзитети од Јапонија, Малезија, Европа и Америка. Покрај македонски, течно говори англиски и шпански јазик. Добро го владее и германскиот јазик. За Претседател на Советот е именуван на 22-ри Јули 2025 година од страна на Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Активен е во научно-истражувачката работа со посебен фокус на известувањата и уверувањето во областите на одржливоста (ESG).

