Дневен ред:
- Разгледување и усвојување на Записникот од 13-тата седница на Советот, одржана на 25.11.2025 година;
- Разгледување и усвојување на Записникот од 14-тата седница на Советот, одржана на 28.11.2025 година;
- Разгледување и усвојување на Записникот од 15-тата седница на Советот, одржана на 19.12.2025 година;
- Разгледување и усвојување на Записникот од 16-тата седница на Советот, одржана на 25.12.2025 година;
- Разгледување и усвојување на Записникот од 17-тата седница на Советот, одржана на 29.12.2025 година;
- Разгледување на Известување со барање предлог за именување на член на Советот бр. 03-100/4 од 25.12.2025 година, доставено од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и усвојување заклучоци по истото;
- Усвојување Политика за интегритет на Советот;
- Усвојување на Годишниот план за јавни набавки за 2026 година на Советот;
- Донесување Одлука за ангажирање надворешно друштво за вршење сметководствени работи, за потребите на Советот;
- Донесување Одлука за ангажирање надворешен адвокат, за потребите на Советот;
- Разгледување на Известување од Министерството за финансии на Република Северна Македонија бр. 03-17/1 од 16.01.2026 година и донесување Одлука по истото;
- Разгледување Одговор од Градски трговски центар АД Скопје бр. 03-19/1 од 21.01.2026 година за користење под закуп на деловни простории од Советот и донесување Одлука од Советот по истиот;
- Разгледување и усвојување Извештај од службено патување во земјата со бр. 03-52/25 од 15.12.2025 година;
- Постапување по две дополнувања на претставка поднесени од страна на познат подносител со бр. 03-85/3 од 26.12.2025 година и со бр. 03-85/4 од 30.12.2025 година, двете дополнувања поднесени по електронски пат и едно дополнување на претставка со бр. 03-14/1 од 09.01.2026 година, поднесено до архивата на Советот;
- Постапување по претставка поднесена од страна на познат подносител со бр. 03-111/1 од 26.12.2025 година, поднесена по електронски пат;
- Информација за формирана работна група во Министерството за финансии на Република Северна Македонија со бр. 03-69/11 од 16.10.2025 година;
- Разгледување дописи со бр. 03-73/8 од 20.11.2025 година, 03-73/9 од 03.12.2025 година и 03-73/19 од 23.12.2025 година, поднесени од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и усвојување заклучоци по истите;
- Разгледување Одговор од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со бр. 03-19/1од 21.01.2026 година и донесување Одлука од Советот по истиот;
- Разгледување дописи со бр. 03-98/2 од 10.12.2025 година, 03-98/3 од 11.12.2025 година и 03-98/4 од 23.12.2025 година и усвојување заклучоци по истите;
- Разгледување на Барање од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Институтот), за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот за 2024 година и на Одлуката за усвојување на Ревизорскиот извештај на годишната сметка на Институтот за 2024 година, заведено во архивата на Советот под бр. 03-20/1 од 16.04.2025 година и дополнувањата на ова Барање, заведени во архивата на Советот под бр. 03-20/6 од 20.11.2025 година, 03-20/7 од 25.12.2025 година и 03-20/8 од 31.12.2025 година и донесување Одлуки од Советот; и
- Разно.
